Милиони автомобили на Hyundai и KIA имаат проблематични мотори

Точка

18/01/2019

17:43

4.684

Големина на фонт

а а а

Почнувајќи од 2015-та година, јужнокорејските компании спроведоа низа на повлекувања на автомбилите на корективна интервенција поради грешка на моторот која што во некои случаеви може да предизвика пожар и откажување.

Како што се чини, проблемот ни одблиску не е решен, а тоа што е исто така интересно е дека некои автомобили, кои што веќе биле повлечени и поправени, повторно треба да бидат вратени назад поради неадекватна интервенција.

Од Hyundai објавија дека некои од автомобилите, чии што мотори биле заменети во претходните повлекувања и натаму се во опасност, затоа што цревото за гориво не било адекватно поврзано со пумпата за висок притисок.


За да се утврди дали станува збор за тоа, од компанијата известиле околу 170 илјади возачи дека ќе треба да закажат термин кај сервисери. Станува збор за моделите Sonata и Santa Fe Sport на Hyundai, како и Optima, Sorento и Sportage на KIA.

Покрај тоа, овие компании развиле посебен софтвер кој ќе биде инсталиран на над 3,7 милиони автомобили и ќе служи како лимитер на вртежите во минута во случај на опасност од откажување на моторот.

Тоа значи дека сензорот ќе врши мониторниг на „симптомите“ кои што би можеле да претходат на откажување на моторот. Доколку биде детектиран проблем, ќе се активира ламба и звучен сигнал кои ќе го предупредат воозачот, а моторот автоматски ќе биде спречен да надмине 2 илјади вртежи во минута, при што ќе биде намалена и максималната брзина на само 90 километри на час.


Системот е креиран да спречи дефект на моторите и да им овозможи на возачите во случај на проблем веднаш да го однесат својот автомобил на сервис.

За да ги смират своите купувачи и на некој начин да компензираат, Јужнокорејците ветија и продолжена гаранција на 10 години и 190 илјади километри, како за актуелните, така и за новите сопственици на автомобилите на Hyundai и KIA.



Спонзорирани линкови

Маркетинг