Битола енормно загадена

Макфакс

18/01/2019

13:30

618

Големина на фонт

а а а

Штетните ПМ 10 честички во воздухот во изминатите два дена во Битола го надминале прагот од 100 микрограми на метар кубен. Поради тоа надлежните излегоа со препораки до граѓаните.

Прагот на суспендираните честички со големина од десет микрометри бил надминат во две мерни станици во Битола во текот на изминатите два дена, 16 и 17 јануари. Најзагадено било вчера кога во една мерна станица биле измерени 266 микрограми ПМ10 честички на метар кубен. Според Светската задравстена организација дозволената граница за ПМ10 честички во текот на 24 часа изнесува 50 микрограми на метар кубен.

Од Општината апелираат граѓаните да се држат до препораките на Министерството за животна средина: да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат во едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа , парчиња гума или било кој друг синтатички материјал и правилно да се користат печките на дрва.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, пак, препорачуваат да се ограничи движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица,болни од хронични болести на белодробниот и срцево садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот, земање на витамини (антиоксиданси), главно преку исхраната (свеж сезонски зеленчук и овошје), по потреба и додатоци односно суплементи и хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија од матичните лекари и да се придржуваат до препорачаниот диететски режим со намален внес на масна и солена храна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг