Мурињо повторно се правда: Челси го продаде Салах, не јас

Дерби

18/01/2019

12:59

1.090

Големина на фонт

а а а

Португалскиот стратег кој во моментов е без работа по отказот од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо истана дека тој немал врска со продавањето на Мо Салах во Рома.

Египетскиот фудбалер се приклучи на Челси за сума од 11 милиони фунти од Базел во јануари 2014 година, но од тогаш имаше само 19 настапи за првиот тим на клубот од Лондон, а помина и две сезони како позајмен фудбалер во Фиорентина и Рома, пред и перманентно да се пресели во Рим.

Откако пристигна во Ливерпул, во јуни 2017 година, Салах се наметна како еден од најдобрите фудбалери во Европа помогнувајќи му на тимот да се пласира во финалето од Лигата на шампионите минатата сезона, а оваа година е лидер на патот кон освојување на долго посакуваната титула во Премиер лигата.

Мурињо кој беше тренер на Челси додека Салах играше во тимот посочи дека од клубот решиле да го продадат фудбалерот без негово знаење.

- Од клубот одлучија да го продадат, тоа не бев јас. Јас го донесов, а не го продадов и мојот однос со него беше добар, многу добар. Сметам дека тој не жали затоа што беше продаден бидејќи се заврши добро по него и напредокот е евидентен - коментираше Мурињо за „БеИН Спортс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг