Солскјер го стопира трансферот на играчот од средниот ред на Јунајтед и откри дали ќе има засилувања во јануари

Дерби

18/01/2019

12:50

1.773

Големина на фонт

а а а

Привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека не планира да го испрати младиот фудбалер на клубот, Скот Мектомини на позајмица во Селтик, иако шкотскиот тим сериозно притиска за да го обезбеди неговиот потпис.

Сепак, ситуацијата со повредата на Маруан Фелаини кој ќе отсуствува од терените нешто повеќе од еден месец го става Солскјер во незгодна позиција по која речиси сигурно нема да прифати привремено заминување на Мектомни.

- Скот работи многу напорно. Тој е младо момче во кое имаме голема доверба и работиме на неговиот нов договор. Но, поради повредите, и последната повреда на Фелаини, не сум сигурен дека Скот ќе си замине – коментираше Солскјер, а потоа беше запрашан дали Манчестер Јунајтед ќе донесе нов фудбалер во јануарскиот преоден рок, на што Норвежанецот само кратко одговори:

- Не, не мислам дека ќе донесеме нов играч.



Спонзорирани линкови

Маркетинг