Вујовиќ со нова споредба меѓу Раул и Червар откако Хрватска и одржа лекција на Шпанија: Ова е страшно, не ми се верува!

Дерби

18/01/2019

12:40

1.477

Големина на фонт

а а а

Веселин Вујовиќ беше човекот кој порача дека Раул Гонзалес е подобар тактичар од Лино Червар пред пресметката која ја одиграа Македонија и Хрватска во групната фаза, но исто така и стручњакот кој после тешкиот пораз на нашата селекција го нападна шпанскиот стручњак за неговиот однос крај линијата.

Популарниот Вујо порача дека Раул изгледа како човек кој е крајно незаинтересиран и на кој македонската репрезентација му е само попатна занимација, а иако мала е веројатноста дека ќе добие било каков одговор од мирниот Шпанец, сега поранешниот тренер на Вардар повторно се најде во прв план меѓу балканските медиуми со својата најнова анализа која ја направи за хрватски „Индекс“.

Во својата најнова студија која ја направи по лекцијата која и ја одржа Хрватска на Шпанија изминатава вечер, Вујовиќ повторно се осврна на споредбата меѓу Раул и Червар, со тоа што застана зад своите зборови, одново нагласувајќи дека Шпанецот е подобар тактичар од Лино.

– Неверојатно е тоа што Шпанците, прваците на Европа беа толку немоќни против Хрватска. Не знаеја што да направат со топката, немаа никаква идеја и во нападот како да ги немаше. Хрватска тактички ги уби и заслужено победи. Уживав да го гледам Дувњак како игра како прв играч во одбрана. Чудесно е како тоа момче се бори, како ја подредува екипата, има срце како на бизон. Навистина ме воодушевија, Шего, Мандиќ, Муса, па дури и малиот Вранковиќ. Ова беше страшен меч на Хрватска, навистина не ми се верува. Знаев дека Хрватска е добра, дека играчите знаат да играат, но дека вака ќе ја размонтираат Шпанија, не верував. Ме изненадија и воодушевија, – вели Вујо на стартот на својата анализа, а потоа се надоврза за својата претходна изјава за Лино и Раул.

– Воочи натпреварот меѓу Хрватска и Македонија, напишав дека адут на Македонија на тој меч ќе биде тактичката подготвеност на македонскиот селектор Раул Гонзалес. Хрватска ја разби Македонија, но моето темелно мислење не се промени после само еден меч. Лино е врвен тренер, освои се што можеше да се освои и тоа не може никој да го одрекува. Никогаш не напишав дека Лино е лош тактичар, само сметам дека Раул е тренер кој има повеќе опции и варијатни при подготвувањето на натпреварите. Червар е попредвидлив, но Лино од овој тим направи фантастична екипа. Делуваат многу похомогено од минатата година, Лино прави енергија на шампиони, создава шампиони. За тоа му честитам од срце, – посочува селекторот на Словенија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг