Тимот на Макаби Тел Авив по големата победа над ЦСКА во Москва урна уште еден ривал за највисок пласман составот на Барселона кого пред своите гледачи го преслуша со 99-83.
Домаќините доминираа на оваа средба, а најдобар доказ за тоа е фактот што во еден дел од дуелот имаа и плус 38 (78-40), но до крајот шпанскиот гигант се созема и успеа да се избори за пораз од „само“ 16 разлика.
Петмина играчи на Макаби беа двоцифрени, а најдобар меѓу нив беше центарот Блек со 16 кошеви на кои придодаде 6 скокови.
Фенербахче пак рутински го реши гостувањето кај Гран Канарија со 82-64 и со тоа ја пронижи 17 победа во 19 натпревар во оваа конкуренција.
Калиниќ и Весели искомбинираа 29 поени, кај домаќиите пак Тили беше стрелец на 21 поен.
Останати резултати:
Олимпијакос-Химки 71-57
ЦСКА Москва-Баерн М. 77-70