Колкава е платата на рускиот претседател и што сака да јаде

Макфакс

18/01/2019

11:23

1.149

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин е еден од најмоќните луѓе во светот, поради што многумина се заинтересирани за неговиот приватен живот, патување, хоби, дружење, богатство, настани со соработниците …

Тој се обидува да не ја изнесува својата приватност во медиумите, но некои детали истекуваат одвреме-навреме.

Неговата плата изнесува 137.000 долари годишно, што според некои стандарди е скромна плата за еден претседател. Путин еднаш рекол дека многу скромно живеел како дете и дека неговите родители живееле само од својата плата.

Светските медиуми велат дека Путин всушност е многу богат, односно тој е еден од најбогатите луѓе во светот.

Според поранешниот заменик-премиер, Путин, наводно, поседува 20 вили, 4 јахти, 58 авиони и часовник во вредност од половина милион долари.

Владимир Путин утрото го посветува на своите омилени активности, па дури потоа се посветува на својата работа. По будењето, Путин најчесто појадува омлет и голема чинија каша и сирење, но исто така и кисело млеко, а за имунитетот јаде јајца од препелица.

Покрај тоа, тој пие сок од цвекло и рен. Интересно е тоа што повеќето од намирниците потребни за неговата исхрана, Путин ги добива од фармата на рускиот патријарх Кирил. Путин е љубител на кафе, а по пиењето кафе се посветува на физички вежби.




Спонзорирани линкови

Маркетинг