Драгољовиќ: Посетата на Путин на Белград не е на штета на евроинтеграциите

Макфакс

18/01/2019

10:29

861

Големина на фонт

а а а

Посетата на рускиот претседател Владимир Путин не влијае на европските интеграции на Србија, кои се надворешнополитички приоритет на земјата, оценува координаторката на Националниот конвент за ЕУ, Наташа Драгољовиќ.

Според неа проблемот е во тоа што односите меѓу Русија и ЕУ се затегнати и многу комплицирани од избивањето на кризата на Крим, што потсетува дека ЕУ и натаму ги држи санкциите кон Русија.

„Како ќе се решава таа криза, така и најверојатно ќе се подобруваат односите меѓу Русија и ЕУ и можеби односот на пријателство меѓу Србија и Русија нема да има таква конотација и позадина во тумачењата“ додала Драгољовиќ.

Таа вели дека Србија се уште не добила документ со кој би можела јасно да види што ЕУ мисли за нивниот однос со Руската Федерација во економска, политичка и безбедносна смисла, како и за тоа како засилено руско влијание евентуално ќе влијае на исполнување на критериумите за членстов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг