Стела Мекартни и Адидас имаат нова колекција од рециклирани материјали

Fashionel.mk

17/01/2019

17:11

938

Големина на фонт

а а а

Познатата британска дизајнерка Стела Мекартни и Адидас за оваа пролет најавија нова заедничка колекција под името Change Creators со цел да создадат позитивни промени кои позитивно ќе се одразат на иднината.

„Верувам дека сите имаме одговорност во креирање на иднина каква што сакаме. Оваа идеја ја подржува и Адидас, поради што продолжуваме да работиме и да растеме заедно. Повеќе од десет години ја развиваме нашата мисија да најдеме нови начини на креирање за жените да можат да носат спортска облека во која ќе изгледаат добро и добро ќе се чувствуваат“, порача Стела Мекартни.


Во нивната нова заедничка колекција ќе најдете супер удобни парчиња што ќе ви овозможат да уживате за време на интензивните тренинзи.

Сите парчиња се изработени од 70 проценти рециклиран материјал што е најголем процент во сите досегашни колекции што ги имаат направено. 


Во колекцијата тие сместија и патики направени од флексибилен и квалитетен материјал што има одлични перформанси. 

Нивната нова колекција веќе можете да ја најдете во дел од продавниците на брендот, а доколку обожувате спорт и се грижите за околината, тогаш ова се вистинските парчиња во кои треба да инвестирате оваа пролет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг