Илон Маск подарува Tesla Model 3: Еве што треба да направите

Точка

17/01/2019

17:41

3.186

Големина на фонт

а а а

Освен тоа што ќе добијат бесплатен автомобил, најбрзите и најдобрите исто така ќе добијат и неколку десетици илјади долари.

Доколку сте фан на автомобилите на Tesla, првиот човек на компанијата, Илон Маск има понуда која што не сакате да ја пропуштите.

Маск одлучи да подари еден Tesla Model 3 автомобил, а за тоа ќе треба да направите една работа. Имено, бесплатниот автомобил ќе го добие тој кој што прв ќе успее да го хакира компјутерскиот систем на автомобилот.


Натпреварувањето под назив Pwn2Own е смислено со цел да се пронајдат грешки кај интернет пребарувачите и компјутерските програми, а ова е прв пат да учествува автомобилска компанија. Се одржува во рамките на конференцијата за компјутерска безбедност во Ванкувер каде што учествуваат бројни технолошки гиганти.

Освен автомобилот, тој што ќе успее да го „пробие“ компјутерскиот систем на Tesla ќе добие и парична награда од 35 до 300 илјади долари, во зависност од начинот на кој што ќе се пробие системот.


Токму ваквото парично наградување им помага на големите компании полесно да ги пронајдат и отстранат потенцијалните грешки кај своите системи и програми. Кога станува збор за Tesla, кинеската компанија Keen откри безбедносен пропуст кој на хакерите би им овозможил да ги активираат сопирачките на автомобилот со бежична врска. За тоа откритие, како и за уште неколку помали, тие се запишани во „Куќата на славните“ на Tesla.

Ќе биде навистина интересно да се види кој ќе го добие автомобилот, а доколку мислите дека можете и вие да го сторите тоа, правилата можете да ги прочитате тука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг