Пристигнаа резултатите од првите тестови: Galaxy S10 Plus ќе биде страшно моќен, но не помоќен од iPhone?

Точка

17/01/2019

16:20

2.762

Големина на фонт

а а а

Сите знаеме дека новиот Galaxy S10 Plus на Самсунг ќе биде страшно моќен телефон, а во прилог на тоа одат и исклучително добрите резултати на тестирањето на Geekbench.

Според бенчмаркот на Geekbench, новиот паметен телефон на Самсунг ќе го носи името SM-G975U. Иако никаде не е нагласено дека станува збор за Galaxy S10 Plus, сепак јасно е дека тоа ќе биде најмоќниот телефон од Galaxy S10 серијата кој Самсунг ќе го претстави идниот месец.

Ако може да им се верува на резултатите од тестирањата, станува збор за супер паметен телефон. Резултатите од тестирањето на едно јадро изнесуваат 3413, додека повеќејадреното тестирање донесе резултат од 10,256. Во спецификациите е вклучена и 6 GB RAM меморија, Android 9 оперативен систем и Qualcomm Snapdragon 855 процесор.


Потребно е да се нагласи дека резултатите на еднојадрените и повеќејадрените тестови ги надминуваат сите паметни телефони на пазарот кои што работат на Android оперативниот систем, но сепак се послаби од најголемите адути на Apple.

Имено, резултатите и натаму се пониски од резултатите кои што ги постигнуваат iPhone XS и новиот iPad Pro, а тоа најмногу се должи на оптимизацијата и процесорот кој што од Qualcomm се уште не можат да го надминат.


Секако, ова не е крај на трката со оглед на тоа што конечните резултати од бенчмаркот ќе бидат позанти кога новите телефони од Galaxy S серијата на Самсунг ќе пристигант на пазарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг