Последно кинеско предупредување до САД: Новите нуклеарни ракети DF-26 со дострел од 9.000 километри завртени кон Америка

Точка

17/01/2019

21:28

4.024

Големина на фонт

а а а

Кога американскиот уништувач влегол во Јужното Кинеско море, Пекинг на северозападот на земјата распоредил балистички ракети од среден дострел - "Dong-Feng 26".

Овие проектили, наречени и "Убиецот на Гуам", се распоредени на северната висорамнина и пустинските подрачја на Кина. Проектилот DF-26 е наменет за уништување на целите на оддалеченост од речиси 9.000 километри и може да нападне повеќе цели одеднаш, вклучувајќи ја и американската морнаричка база во Гуам на западниот Пацифик. Ова оружје кинеското воздухопловство го добило во април 2018-та година. 

Извештајот за распоредување на ракетите бил потврден откако американскиот уништувач, "USS McCampbel", вооружен со проектили, влегол во спорното подрачје во Јужното Кинеско море и пловел во близина на Парцелските острови, за кои Пекинг тврди дека се дел од кинеската територија.

Откако го забележал присуството на американскиот уништувач во Јужното Кинеско море и ја осудил акцијата со која САД го кршат суверенитетот на Кина, Пекинг во подрачјето на Јужното Кинеско море пратил борбени авиони и воени бродови. Цитирајќи кинески воен експерт, "Global Times" напишал дека поставувањето на проектилите "DF-26" се предупредување дека Кина е подготвена да ја чува својата територија.,

Проектилите "Dong-Feng 26" можат да го покријат Јужното Кинеско море дури иако се лансираат од најдалечните делови на Кина, предупредува весникот. Јужното Кинеско море е спорно подрачје во Тихиот океан, за кое Пекинг тврди дека е речиси 90 проценти кинеско.

Поради тоа станало место на константни тензии меѓу азискиот џин и Америка, која ги оспорува кинеските тврдења и наводи дека "ја штитат слободата на пловење и своите сојузници".

Вашингтон неколку пат пратил авиони и воени бродови во близина на малите острови под контрола на Кина, под изговор на одбрана на "слободното пловење". Пекинг го обвинил Вашингтон дека го дестабилзира подрачјето и дека настојува да воспостави доминација над спорните острови во морето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг