Британците предупредуваат: ИСИС планирала напад на Путин во текот на посетата на Србија, пронајдено оружје за пеколен план

Точка

17/01/2019

11:15

4.138

Големина на фонт

а а а

Кај вехабиите од Нови Пазар бил пронајден арсенал на оружје и сите потребни компоненти за правење на експлозивни направи, како и симболи на ИСИС.

Британските медиуми пишуваат дека џихадистот, кој пред неколку дена бил уапсен во Нови Пазар, е припадник на ИСИС и дека планирал терористички напад на рускиот претседател Владимир Путин во текот на посетата на Србија. 

Рускиот претседател денес би требало да пристигне во еднодневна посета на Србија.

21-годишниот Армин Алибашиќ, осомничен дека е терорист на ИСИС, бил уапсен во Нови Пазар на 14-ти јануари. Кај него било пронајдено оружје и експлозив, додава британски "The Sun".

Британските медиуми, повикувајќи се на извештај од Безбедносно-информативната агенција - BIA, истакнува дека Алибашиќ "подготвувал терористички напад за време на посетата на рускиот лидер".

Путин наводно бил "мета на терористите поради војната која Русија ја води против ИСИС", рекол извор на BIA.

"Нашите сили заедно со руските колеги се добро подготвени и ја држат ситуацијата под контрола, а претседателот на Руската Федерација ќе биде целосно безбеден", истакнува изворот.

Алибашиќ бил сопрен од полициската патрола во селото Поток во близина на Нови Пазар.

"Вниманието на полицајците го привлекло ранчето на момчето. Во него имало пушка со оптички нишан", истакнува изворот.

Неговиот стан го претресле полицајците и службите за безбедност, и во него пронашле арсенал оружје и сите потребни компоненти за правење на експлозивни направи, како и симболи на ИСИС.

Момчето од Нови Пазар било приведено во раните утрински часови на 14-ти јануари и му било одредено полициско задржување до 48 часа, по што ќе биде приведен во надлежното обвинителство.

Постои сомнение дека не делувал сам.

Во прилог на тоа оди и веста дека припадниците на полицијата во соработка со BIA уапсеиле две лица осомничени дека припаѓаат на терористичката организација, пишува "Telegraf.rs".




Спонзорирани линкови

Маркетинг