Раул: Можеме да го победиме Исланд, но само во едно сценарио

Дерби

16/01/2019

23:38

2.016

Големина на фонт

а а а

Раул Гонзалес може да биде задоволен од залагањето и од играта која ја прикажаа нашите ракометари во првото полувреме на мечот со Шпанија, а на прес-конференцијата потенцираше дека таквиот пристап треба да се преслика и на утрешниот клучен меч со Исланд на кој ќе бркаме победа за пласман во втората фаза.

Македонскиот селектор истакна дека свесно ги повлекол најдобрите играчи на стартот на вториот дел, откако увидел дека натпреварот е готов во ситуација кога дозволивме лесна серија од 5:0 во неполни три минути.

– Прво сакам да и честитам на Шпанија за добрата игра во текот на целиот меч и остварената победа. Секогаш е многу тешко да се игра против нив, според мене, тие ја имаат најдобрата и најцврста одбрана во светот. Денеска перфектен беше и Де Варгас. Се обидовме да направиме нешто повеќе, добро ни одеше, но потоа на стартот на вториот дел загубивме три топки и го загубивме мечот. Решив да ги извадам клучните играчи и да ги сочуваме за нашиот клучен натпревар кој следи утре. Исланд е силен, но верувам во победа ако оствариме едно сценарио. Ако одиграме како денеска во првото полувреме, ќе имаме шанси да оствариме победа на мечот кој за нас е како финале, – напомена Раул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг