Ципрас може да здивне: Грчкиот премиер го преживеа гласањето за недоверба, Договорот од Преспа речиси сигурен

Точка

16/01/2019

23:01

3.814

Големина на фонт

а а а

Со 151 глас „За“ и 149 „против“ вечерва беше изгласана доверба на грчката влада предводена од премиерот Алексис Ципрас.

После дводневната жестока дебата која што се водеше во грчкиот парламент, вечерва беше изгласана доверба во владата на Ципрас. Покрај партијата на Ципрас – „Сириза“, уште шестмина пратеници ѝ дадоа поддршка на актуелната владеачка гарнитура.

Да потсетиме, премиерот на Грција, Алексис Ципрас пред три дена порача дека ќе побара грчкиот парламент да гласа за доверба на неговата влада, откако неговиот коалициски партнер од партијата „Независни Грци“ и сега веќе поранешен министер за одбрана на Грција, Панос Каменос поднесе оставка.


Каменос се повлече од грчката влада поради неговото незадоволство од Преспанскиот договор со кој што Скопје и Атина ставија крај на долгогодишниот спор околу името на нашата земја.

Претседателот на грчкото Собрание после гласањето изјави до петок во собраниска процедура ќе влезе Договорот од Преспа, кој што треба да биде ратификуван. Се очекува договорот да биде ратификуван од грчкиот парламент во текот на идната седмица, по што целиот процес ќе биде практично завршен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг