Митревски ги опомена младите играчи по ужасното второ полувреме против Шпанија

Дерби

16/01/2019

22:49

1.817

Големина на фонт

а а а

Никола Митревски без никаков сомнеж ја имаше партијата на својата кариера во дресот на македонската ракометна репрезентација, но за жал тоа не беше искористено од страна на неговите соиграчи кои направија премногу грешки пред голот на Шпанија.

Митревски феноменално добро го замени Ристовски и со 11 успешни одбрани во првото полувреме едноставно ги полуде европските шампиони, а разочарувањето од тешкиот пораз сигурно е најголемо за него со оглед на тоа што партијата за паметење ќе му остане во лошо сеќавање.

Поразот од 32:21 е одраз на катастрофалното второ полувреме во кое примивме дури 19 голови, а Митревски како најдобар поединец во нашиот состав, по мечот одлучи да ги опомене младите играчи кои добија шанса за докажување.

– Ова беше натпревар за самите нас, почнавме одлично, игравме добро во напад и одбрана, а после 20-та минута почнавме да грешиме во нападот. На крајот тие дадоа гол за водство, а во второ полувреме почнавме катастрофално и така продолживме до крајот. Изгубивме многу топки, премногу лесно се предадовме, втората постава, младите играчи изненадувачки влегоа незаинтересирано, како се да е загубено, иако имаше уште 25 минути за игра. Поради тоа претрпевме тежок пораз, – заклучи Митревски кој ја стави во втор план својата брилијантна партија, насочувајќи се кон она што го носи утрешниот клучен меч со Исланд.

– Утре да го дадеме максимумот. Само паметно и со трпение. Без нервоза и избрзани потези во нападот. Тешко е цел меч да одиграме без грешки, но кога ќе го правиме тоа, треба да го избереме вистинскиот момент. Се надевам дека ќе го добиеме утрешниот меч, тоа е финале за нас, – заврши македонскиот голман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг