Во вилица на крокодил биле пронајдени остатоци од женско тело: После стравичната сцена, откриено е дека исчезнала жената која го хранела

Точка

16/01/2019

20:49

3.926

Големина на фонт

а а а

Една жена научник од Индонезија, наводно жива била изедена од крокодилот кој во моментот го хранела, во лабораторијата која работела.

Деаси Туво (44) му фрлала месо на крокодилот во базенот, после што тој скокнал на бетонскиот ѕид, висок 2,4 метри и почнал жива да ја јаде.

Крокодилот Мери, кој бил долг пет метри е пронајден со остатоци од жена во вилицата, во истражувачката институција во Индонезија, пренесува Дејли Меил.

Полицијата верува дека крокодилот се исправил на задната нога и скокнал на ѕидот, а потоа ја повлекол несреќната жена во базенот.

Шокираниот персонал открил што се случило кога забележал чуден облик во водата. Набрзо потоа го виделе крокодилот како лежи на земја, со остатоци од жртвата во вилицата.

Спасувачите имале проблем да го извлечат остатокот од телото на жената од крокодилот, кој насилно се однесувал секој пат кога се обидувале да го извадат лешот од водата.

Полицијата пренесува дека сè уште се бара сопственикот на крокодилот, јапонскиот претприемач, кој го основал истражувачкиот објект. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг