Новото бебе на Ким Кардашијан е „поскапо“ за околу 40.000 евра

Точка

16/01/2019

20:23

2.804

Големина на фонт

а а а

Сè уште не се знае дали четвртото дете на Ким и Каније ќе го роди истата сурогат мајка, која на познатиот пар пред една година му ја родила ќерката Чикаго, но медиумите нагаѓаат дека сепак се работи за друга жена.

Семејството Кардашијан наскоро ќе стане побогато за уште еден член, а исто така и посиромашно за околу 140.000 евра. Ким Кардашијан Вест (37) и нејзиниот сопруг, Каније Вест (40) објавиле дека четвртото дете ќе биде момче, кое наскоро треба да го роди сурогат мајка.


Како што пренесува британскиот Мирор, сестрите на познатата старлета не го поддржуваат нејзиното спомнување на сурогат мајката во медиумите, но Ким не можела да издржи.

„Сега веќе ништо не можам да направам, веќе е кажано. Се напив на божиќната забава и само ми „излета“. Им кажав на неколку луѓе, само не се сеќавам на кои, бидејќи инаку не пијам алкохол“, рекла Ким. Причината за да се одлучи за сурогат мајка е тешката последна бременост на Кардашијанката, која, како што самата откри, сака да има четири деца.


Во јануари минатата година, парот ја доби ќеркичката Чикаго, која „ги чинела“ околу 100.000 евра. Половина од износот ѝ припаднал на сурогат мајката, а другата половина морала да биде предадена на агенцијата која го водела процесот за избор на сурогат мајка, па сè до посвојувањето.


Овој пат, американските медиуми пишуваат дека ријалити ѕвездите и раперот издвоиле дополнителни 40.000 евра. Парот наводно, за таа цена направил договор со сурогат мајката, во кој се дефинираат меѓусебните односи.

„Мислам дека не би можела да поднесам повеќе од четири деца“, признала Ким своевремено, а открила и дека нејзиниот сопруг сака барем седум деца.


Ким и Каније имаат уште две деца, ќерката Норт (5) и синот Сејнт (3).



Спонзорирани линкови

Маркетинг