Ѕвездата на ТВ серијата “Modern Family”: “Бев многу, многу блиску до самоубиство”

Точка

16/01/2019

20:08

2.720

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на ТВ серијата “Modern Family”, Сара Хиланд, во петокот гостувала во шоуто на Елен Деџенерис, каде открила дека се бори со психички проблеми.

Хиланд отворено зборувала за дијагнозата на бубрежна дисплазија и низата операции низ кои морала да помине во текот на годините, што ѝ предизвикало хронични болки и депресија. 

“Имам одлична работа и сјајна поддршка, но по 27 години болест и секојдневни хронични болки, не знаете кога ќе го имате следниот добар ден”, објаснила таа. “Многу е тешко”.

28-годишната актерка зборувала и за самоубиствените мисли со кои се соочувала.

“Бев многу, многу, многу блиску. Пишував писма во својата глава за моите сакани – зошто сум го направила тоа, причините позади тоа, дека не е ничија вина. Не сакав да го напишам тоа на хартија бидејќи не сакав никој да го најде. Не сакав никој да знае дека сум толку блиску, бидејќи ако го знаеја тоа, тие сигурно би пробале да ме предомислат”, ѝ признала таа на Деџенерис.

Но, додала и дека кога конечно го кажала тоа на глас, многу ѝ помогнало.

“Секоја личност со анксиозност, депресија или самоубиствени мисли е различна. Не треба да се ослонувате на мене, јас зборувам само за да ја споделам својата приказна. Но, мислам дека зборувањето со некого за тоа и кажувањето на глас можеби го прави да звучи навистина смешно, но ги става работите во перспектива”.

На Сара ѝ била потребна трансплантација на бубрег во 2012 година, кој ѝ го донирал нејзиниот татко. Во ноември 2016 година, нејзиното тело започнало да го отфрла органот, по што била подложена на редовна дијализа – која била само привремена.

Во 2017 година, нејзиниот пресаден бубрег ѝ бил изваден и заменет со бубрегот на нејзиниот 23-годишен брат. Трансплантацијата била направена во септември истата година.

Хејли од “Modern Family” ѝ открила на Елен и дека била подложена на 6 операции во последните неколку години, а вкупно 16 во текот на својот живот. За поддршката му се заблагодарила и на своето момче Велс Адам.

“Одличен е. Тој е најдобриот маж кој некогаш сум го запознала”, изјавила Хиланд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг