Oppo ќе претстави паметен телефон со „страшен“ зум

Точка

16/01/2019

18:21

2.029

Големина на фонт

а а а

Oppo наскоро би требало да претстави нов паметен телефон кој ќе има камера со десеткратен зум.

Сепак, оваа најава треба да се земе со доза на резерва, затоа што дури и Oppo да претстави функционален прототип, тоа не значи дека таа технологија навистина ќе биде вградена во паметен телефон кој ќе пристигне на пазарот наскоро.

Неодамна познатиот инсајдер Ice Universe, повикувајќи се на неименуван челник на Oppo, на Твитер објави дека паметниот телефон со десеткратен зум ќе биде претставен или на саемот Consumers Electronic Show или на саемот Mobile World Congres.


Со оглед на тоа што на CES во Лас Вегас немавме прилика да го видиме ваквиот телефон на Oppo, сега ќе треба да го почекаме саемот MWC кој ќе се одржува од 25-ти до 28-ми февруари. Наводно, од Oppo веќе денес би требало да го најават овој модел.

Инаку, уште од 2017-та година беше најавен петкратен зум кој користи перископ за пренасочување на светлото на леќите, но иако таа технологија беше функционала, досега не се појави на некој конкретен паметен телефон, пренесува The Verge.




Спонзорирани линкови

Маркетинг