Американскиот “Top Gun”: Запознајте го Ford Mustang Shelby GT500

Точка

16/01/2019

17:43

3.042

Големина на фонт

а а а

Компресорскиот ѕвер – 5,2 V8 со 7 степенски автоматски менувач го „катапултира“ овој автомобил од 0 до 100 километри на час за само 3,4 секунди.

Од Детроит пристигнува новата верзија на „американската легенда“, односно пристигнува “Top Gun” верзијата “Supercharged” со 5,2-литарски V8 мотор, Roots компресор и интеркулер кој развива над 700 коњски сили.

Со помош на новиот 7 степенски менувач на Mustang кој силата на агрегатот ја пренесува на задните тркала, новиот Ford Mustang Shelby GT500 од 0 до 100 километри на час забрзува за само 3,4 секунди, а развива максимална брзина од 310 километри на час.

Сето тоа гарантира брутални перформанси и врвно спортско уживање, а сега е објавено и како ќе изгледа новиот Ford Mustang Shelby GT500 кој се очекува да биде претставен на есен 2020-та година.





Спонзорирани линкови

Маркетинг