Австралија се пржи на 50 степени, најлошото доаѓа! Лилјаците и рибите изумираат

Точка

16/01/2019

18:56

5.594

Големина на фонт

а а а

Австралија е на удар на силен топлотен бран кој продолжува да беснее низ целата земја, притоа предизвикувајќи смрт на многу диви животни.

Додека делови од Европа се борат со рекордни наноси на снег, австралиските власти ги предупредуваат своите сограѓани да избегнуваат престој на отворено поради рекордните температури во некои делови на земјата кои ќе се задржат и ќе растат наредните денови. 

Минатите четири дена влегуваат во десетте најтопли денови во Австралија, соопштил државниот метеоролошки завод во средата.

Температури и до 50 степени

Така во градот Порт Аугуст во Јужна Австралија биле измерени 48,5 степени Целзиусови, што е највисока измерена температура на воздухот на тоа подрачје откако почнале мерењата во 1962-ра година. Во градот Тарколи во Јужна Австралија биле измерени 49 степени, а во Марбл Бар на северозападот на Австралија веќе 22 дена по ред температурата е над 40 степени, а во еден момент достигнала и 50 степени.

На други места температурите се движеле околу 40 степени, а се очекува топлото време да трае до петок.

Издадено предупредување за граѓаните

Во цел Нов Јужен Велс издадени се предупредувања за граѓаните. Во него граѓаните се советуваат да останат во куќата во текот на најтоплиот дел на денот, да ја намалат физичката активност и да пијат многу течности.

"Изложеноста на преголеми горештини може да предизвика: вртоглавица, замор, жед, несвестица, болки во мускулите или грчеви, главоболка, промена на бојата на кожата, забрзано чукање на срцето, проблеми со дишењето, повраќање и збунетост", се наведува во предупредувањето.

Смрт на животни

Рекордните горештини во Австралија не делуваат само на луѓето. Многу животни исто така патат и страдаат од превисоките температури.

Така поради екстремните горештини на југоистокот на земјата на брегот се насукале милиони риби, а во минатиот топлински бран, кој ја погодил Австралија пред помалку од два месеци, загинале третина од еден вид на лилјаци.

Во два дена умреле третина летечки лисици

Во текот на само два дена во ноември 2018-та, поради рекордни горештини на северот на Австралија, во таа земја умреле речиси една третина големи лилјаци, пишува "BBC".

Летечката лисица (Pteropus) е вид на лилјак од семејството на велелилјаци, а се вбројува во најголемите на светот. За жал, тој интересен вид на лилјаци тешко ги поднела температурите кои често се движеле над 42 степени Целзиусови.

Во градот Каирнс лилјаците кои поради високите температури паѓале од дрвјата, им паѓале на граѓаните во дворовите, базените и слично.

Спасувачите на диви животни пронаоѓале преживеани животни како седат заедно на гранки кои се поблиску до земјата.

"Тоа беше тешко за гледање", изјавил за "BBC" спасувачот Дејвид Вајт.

Умреле 23.000 големи лилјаци

Минатите недели научниците од универзитетот Вестерн Сиднеј заклучиле дека околу 23.000 летечки лисици умреле за само неколку дена, во текот на големите горештини на 26-ти и 27-ми ноември.

Лидерот на истражувањето, екологот Џастин Велберген, смета дека оваа катастрофална бројка е дури и поголема бидејќи спасувачите кои учествувале во овој проект не успеале да ги пребројат умрените лилјаци во сите населби на северот на Австралија.

Според проценките на владата, во Австралија пред топлинскиот бран во ноември имало 75.000 летечки лисици.

Летечката лисица со очила (Pteropus conspicillatus) е вид на велелилјак наречена по светлото крзно околу очите. Освен во Австралија, може да се најдат и во Папуа Нова Гвинеја, Индонезија и на Саломонските острови.

Во Австралија овој вид живее само во малиот прашумски регион во Квинсленд, каде има улога на опрашувач на автохтоните стебла.



Спонзорирани линкови

Маркетинг