Кинезите праќаат летало на Марс наредната година

Точка

16/01/2019

15:16

1.663

Големина на фонт

а а а

Кина планира следната година да прати вселенско летало на Марс, откако успешно била извршна мисијата на темната страна на Месечината, пренесува "Sky News".

Имено, леталата "Jade Rabbit 2" и "Chang'e 4" се првите такви видови кои слетале на темната страна на Месечината, а со чија помош кинеските експерти ги добиле фотографиите, кои и натаму се истражуваат. 

Интересно е да се истакне и тоа дека "Chang'e 4" леталото го добило името по кинеската божица за која легендата вели дека живеела на Месечината илјада години.

Службениците во Кинеската вселенска агенција - CNSA, велат дека сега планираат да ги пратат своите летала на Марс во текот на 2020-та година, за да дојдат до заклучок дека е можно да пратат човечка експедиција на оваа планета.

Според зборовите на заменик директорот на CNSA, Ву Јанхуа, успешно завршената мисија на Месечината означила пресвртница во истражувањето на вселената кога станува збор за кинеските експерти.

Првата вселенска мисија на Кина била завршена неуспешно во 2012-та година, кога леталото, кое носело сонда, се распаднала откако не успеала да влезе во Земјината орбита. Меѓутоа, неодамна CNSA соопштила дека нејзината вселенска мисија се одвива по план и дека имаат намера да ги поместат границите, пренесува "Klix.ba".

Соопштиле и дека се подготвени да работат со вселенски агенции надвор од Кина, што е своевиден преседан кога станува збор за потфати од овој вид.




Спонзорирани линкови

Маркетинг