Претседателот на грчкото Собрание смета дека Договорот од Преспа е историски моќен

Макфакс

16/01/2019

13:11

2.037

Големина на фонт

а а а

Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат Преспанскиот договор, бидејќи, како што вели, тоа е добро за Грција, објави агенцијата АНА-МПА, а пренесе „Танјуг“.

„Добро е за државата и парламентот да постои јасно мнозинство и мислам дека тоа постои, бидејќи станува збор за силен историски договор“, рече Вуцис.

Тој истакнува дека Преспанскиот договор, иако грчкиот Устав тоа не го налага, треба да биде усвоен со апсолутно мнозинство од 151 пратеник, со цел да има јасна моќ како во рамките на државата, така и во меѓународните организации.

Според дипломатски извори, ратификацијата на Преспанскиот договор на агендата на грчкиот Парламент ќе биде на 21 или 22 јануари.

Грчкиот премиер Ципрас истакнал дека откако ќе се заврши ратификувањето на Преспанскиот договор, ќе се ратификува и протоколот за пристап на Македонија во НАТО.

Откако Грција ќе ги ратификува двата документи, Преспанскиот договор ќе почне целосно да се применува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг