Тетовец и тројца албански државјани уапсени поради трнспорт на 20 килограми марихуана во Дебар

Макфакс

16/01/2019

11:17

1.098

Големина на фонт

а а а

На дебарската улица „Александар Илиќ“ во вечерните часови на 15. јануари, при контрола на автомобил „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, полицијата пронашла две торби со 20 килограми марихуана.

Возилото било управувано од 45-годишен тетовец кој бил уапсен и приведен во полициската станица во Дебар.

Од МВР информираат дека во врска со овој случај на граничниот премин „Блато“ бил приведен 41-годишен државјанин од Република Албанија, додека на граничниот премин „Ќафасан“ биле приведени уште двајца Албанци на возраст од 33 и 31 година.

Овие три лица исто така биле предадени и задржани во полициската станица во Дебар, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг