Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Макфакс

16/01/2019

10:22

895

Големина на фонт

а а а

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чии дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас. Денеска се очекува во попладневните часови да се одржи и гласањето на недвореба на грчката влада.

Дебатата во текот на вчерашниот ден беше тензична, Ципрас на пратениците им порача дека одлучил да стави крај на 27-годишниот спор за името со Македонија и дека сака да ја искористи оваа огромна шанса и покрај политичката цена што би ја платила неговата влада.

Ципрас пред членовите на парламентот застана во одбрана на договорот за нормализација на односите со соседна Македонија.

Ципрас, како што пишуваат медиумите, се очекува да го добие потребниот број гласови и во тој случај тој ќе предложи ратификација на договорот со Македонија во следните неколку дена, бидејчи откако Македонија го исполни својот дел од договорот, го ратификува договорот и изгласа измени на Уставот за промена на името, топката сега се префрла во Грција.

Ципрас ги повика пратениците да гласаат за договорот од Преспа, посочувајќи дека демократијата ќе победи.

Лидерот на опозициската Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис го обвини Ципрас за, како што пренесуваат грчките медиуми ‘несреќно шоу’ кое имало за цел да го осигура опстанокот на неговата влада и да се усвои, како што рече Мицоткис ‘штетниот’ договор од Преспа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг