Крвав терористички напад во Најроби: Во хотелски комплекс убиени 15 луѓе, меѓу жртвите има и странци!

Точка

16/01/2019

09:42

2.139

Големина на фонт

а а а

Најмалку 15 луѓе биле убиени во нападот на сомалиските исламисти на хотелски комплекс во Најроби, рекле денес извори од кениската полиција додека операцијата во нападнатиот хотел влегува во вториот ден.

"Мислиме дека два или три напаѓачи уште се наоѓаат на одредени места", рекол еден полицаец кој се наоѓа на лице место. Тој полицаец го изнел и бројот на жртви, меѓу кои има и странци. 

Друг извор го потврдил бројот на настрадани и додал дека силите за безбедност уште не дошле до некои делови на комплексот во кој се наоѓаат хотел, ресторани и деловни простории.

Тој друг извор навел дека напаѓачите се забарикадирале на еден од повисоките катови на една зграда во комплексот, како и дека постои страв дека на тој кат има и други цивили.

Преживеаните на полицајците им рекле дека некои луѓе се обидувале да го избегнат нападот со бегство на повисоките катови.

Утрово и натаму се слушале детонации и истрели, повеќе од 20 часа по почетокот на нападот. Полицијата цела ноќ била на нозе, а неколку часа по полноќ група од најмалку 20 луѓе успеале да го напуштат комплексот.

Нападот, за кој одговорност преземала сомалиската џихадистичка група ал-Шабаб, почнал со силна експлозија на бомба, а потоа уследил и упад на вооружени луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг