Гласање за планот за Брегзит на Тереза Меј: Пратениците се должни да ги исполнат демократските желби на британскиот народ

Точка

15/01/2019

21:03

2.017

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на гласањето во Парламентот, британската премиерка Тереза Меј истакнала дека народот во Британија јасно се изјаснил дека не сака да остане во Европската Унија.

“Излезноста на референдумот беше висока, а резултатот е јасен. Оваа дебата е историска за Парламентот и нашата земја. Никој нека не се сомнева во силата на оваа институција кога е во прашање демократијата”, изјавила Меј, пренесува “The Guardian”. 

Според нејзините зборови, пратениците се должни да ги исполнат демократските желби на британскиот народ, како и тоа дека се тука да им служат на луѓето кои чекале во ред да гласаат на референдумот и кои им верувале на политичарите.

“Вториот референдум би го продлабочил неединството. Не би имало договор по тоа прашање, не би имале време за имплементација и тоа ќе биде без заштитата на правата на граѓаните. Ниту еден договор не би значел никакво сигурносно партнерство со ЕУ”, порачала Меј.

Таа вели дека како премиерка сака правец кој е во најдобар интерес за земјата и порачала дека, ако Велика Британија го прифати овој предлог, може да изгради подобра иднина.

Лидерот на опозиционата Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјавил дека Велика Британија би можела повторно да покрене преговори со ЕУ во врска со условите за Брегзит, доколку британскиот парламент не ја поддржи спогодбата која ја постигнаа Лондон и Брисел.

Тој пред гласањето за спогодбата за Брегзит, ги повикал пратениците во британскиот Парламент да ја отфрлат спогодбата која Тереза Меј ја постигнала со Брисел. Корбин на преговарачите на ЕУ им порачал дека не треба да ја отфрлат можноста за продолжување на преговорите за Брегзит, доколку Парламентот не ја поддржи спогодбата.

Доколку договорот не пројде, Меј има три дена да му се обрати на Парламентот со нов план. Во тој случај се претпоставува дека таа во среда ќе замине во Брисел на понатамошни консултации со ЕУ, пред да ѝ се обрати на домашната јавност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг