Додик: Посетата на Путин на Србија е јасен симбол и порака за мир

Макфакс

15/01/2019

13:35

990

Големина на фонт

а а а

Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, оцени дека претстојната посета на рускиот претседател, Владимир Путин, на Србија е јасен симбол и порака за мир, пријателство и поддршка на Србија и српскиот народ во целина.

Додик истакна дека сигурно ќе се сретне со Путин, но дека сè уште не е дефиниран форматот на состанокот и потсети дека Република Српска има добра соработка и врски со Русија.

Тој оцени дека за Република Српска се многу важни сите контакти и разговори, особено со силна и важна држава како што е Русија, која ја покажала својата објективност во спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор.

„Во тој поглед многу сме ѝ благодарни на Русија и нејзиниот придонес за зачувување на мирот и стабилноста. Глобалните односи денес се поинакви отколку пред 10-20 години, а Русија во моментот на создавањето на Република Српска беше во тешка ситуација. Се врати на геостратешката позиција и за нас треба да биде важно дека, освен добри односи со ЕУ и САД, имаме добри односи и со Русија“, рече Додик.

Додик заклучи дека посетата на Путин на Србија покажува дека рускиот лидер е заинтересиран за тоа Србија да биде стабилна.

Путин в четврток четврти пат ќе ја посети Србија и ќе се сретне со државниот врв на земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг