Ден "Д" за Британија: Парламентот гласа за Брегзит, Тереза Меј на маки, еве што ја чека

Точка

15/01/2019

09:13

1.803

Големина на фонт

а а а

Британскиот парламент денес треба да се изјасни за договорот за Брегзит, кој премиерката Тереза Меј го постигнала со Европската унија.

Меј ги повикала пратениците "уште еднаш да го проучат" договорот за Брегзит и ги одбила повиците да го одложи излегувањето на Британија од Унијата. 

"Им порачувам на пратениците од двете страни на парламентот, што и да заклучат, во следните 24 часа да го проучат договорот уште еднаш", рекла Меј пред парламентот.

Премиерката заклучила дека договорот не е совршен и дека е резултат на компромис.

Ги отфрлила барањата на некои пратеници Брегзит, закажан за 29-ти март, да се одложи, за да има повеќе време за постигнување на консензус или одржување на нов референдум.

"Ќе ја напуштиме ЕУ на 29-ти март. Верувам дека поради нашата демократија важно е да ги спроведеме резултатите од референдумот од 2016-та година", рекла премиерката.

Се верува дека Меј нема да успее денес во парламентот да обезбеди поддршка за договорот.

Можни се повеќе сценарија во тој случај - од распишување на нови избори до нов референдум, или дури и излегување на Британија од ЕУ без договор, што би можело да доведе до хаос кој ќе предизвика брз прекин на односите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг