Се огласи Тереза Меј: Познато е кога Велика Британија ќе ја напушти Европската унија

Точка

14/01/2019

15:10

1.168

Големина на фонт

а а а

Британската премиерка Тереза Меј, за време на дебатата за договорот кој го постигна со ЕУ, порача дека земјата ќе ја напушти Европската унија на 29-ти март.

Тереза Меј изјави дека не верува дека владата треба да го продолжи рокот за примена на членот 50 од Договорот за Европската унија кој ги дефинира условите за напуштање на одредена земја на Унијата.

Премиерката на Велика Британија ги предупреди пратениците дека Брегзит ќе биде во опасност доколку тие не го изгласаат договорот за напуштање на Европската унија.


Сепак, според тамошните медиуми, блокирањето на Брегзит е повеќе веројатен отколку тоа Велика Британија да ја напушти Европската унија без притоа да биде постигнат договор кој би му одговарал на Лондон.

Тереза Меј исто така го нагласи тоа во британскиот парламент каде што овие денови трае дебатата за договорот кој што таа го постигна со челниците на Европската унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг