Славната глумица отворено проговори: "Привилегија е да се биде мајка, но сепак многу е тешко да се воспита дете"

Точка

12/01/2019

18:35

3.163

Големина на фонт

а а а

Глумицата Кира Најтли стана мајка пред три години, а сега отворено проговори за мајчинството истакнувајќи дека е тешко да се биде мајка и да се воспита дете.

Популарната британската глумица ја игра главната улога во филмот "Colette" кој е снимен според вистинска приказна за Французинката Сидоние Габриел Колеј која напишала роман кој подоцна станува бестселер.



"Живееме во свет во кој доминираат мажите и чувствувам дека имам одговорност да помогнам во создавање на свет во кој жените и мажите ќе бидат еднакви", рекла Кира.
По тој повод оваа 33 годишна глумица зборуваше за искуството со мајчинството истакнувајќи дека е привилегија да се биде мајка, но дека не е лесно да се порасне дете.


"Сметам дека жените не се почитуваат доволно поради психичкиот и физичкиот маратон низ кој поминуваат кога ќе станат мајки. Доаѓам од земја во која мајките се прилично привилегирани. Имам поддршка од системот, градам кариера и можам да чувам дете, но сепак ми е тешко. Во ред е тоа да се каже, во ред е да се признае дека мајките секојдневно се борат со недостаток на сон, хормонални промени и разни други проблеми".



Спонзорирани линкови

Маркетинг