Шест нови случаи на мали сипаници во Скопје

Макфакс

12/01/2019

17:25

1.877

Големина на фонт

а а а

Од Министерството за здравство информираат дека до денеска до 10:00 часот изутринава на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште 5 деца и 1 возрасен и тоа значи дека во моментов има 20 болни од морбили, од кои 18 се деца и двајца се возрасни.

„Децата се на возраст од 9 месеци до 2,5 години, а возрасната е девојка од 24 години. Има едно дете од Радишани, другите се од градинката „Сонце“ од Ново Лисече – Аеродром. Возрасната девојка е од скопската населба Кисела Вода и е со непознат вакцинален статус.

Од Клиниката информираат дека на клиниката има 120 легла, но треба да се има в предвид, дека се хоспитализираат пациенти и со друга патологија. Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а најстариот има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Најмногу заболени има во населбата Аеродром-Ново Лисиче вкупно 11 деца и уште нови 4 за кои утре ќе се знае резултатот од лабораториските анализи, кои ќе потврдат или отфрлат морбили. Но, сите ново примени пациенти имаат клиничка слика на пациенти заболени од морбили (мали сипаници), велат од министерството.

Досега, во сите вакцинални пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 1 894 лица, а само денеска вакцинирани се 30 деца, информираат од Министерството за здравство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг