Ги присилуваат да ги купат новите модели на iPhone: Луѓето бесни поради она што го прави Apple

Точка

12/01/2019

15:16

11.123

Големина на фонт

а а а

Apple успеа да ги налути своите корисници откако објави писмо кое директорот Тим Кук им го испратил на инвеститорите. Помеѓу сѐ напишал дека новите iPhone телефони се продаваат многу малку, а како причина го наведе фактот дека луѓето едноставно ги поправаат старите кога ќе се расипат, наместо да ги купат новите модели.

Apple има долга историја со отежнувањето на работата на луѓето за поправање на мобилните телефони, а на тој начин ги поттикнуваат да купат нови. Постојано се бореле против законот со кој технолошките компании бараат тие информации да ги направат достапни за јавноста и да обезбедат доволен број на резервни делови, пренесува Motherboard.



Исто така не продаваат резервни делови за iPhone, го обвиниле сопственикот на еден сервис во Норвешка кој им ги поправал телефоните на луѓето, соработуваа со Амазон за да спречат препродажба на нивните уреди преку таа страница.

Покрај тоа, многу корисници се сомневаат дека Apple намерно ја успорува батеријата на iPhone со цел луѓето да одлучат да купат нов телефон поради спората батерија.




"Никогаш отворено не признале дека не сакаат нивните корисници да ги поправаат своите уреди, но изјавиле дека се премногу комплицирани за поправка. Иако некои време имаа опција со која корисниците можеле да ја променат батеријата по цена од 29 долари, таа беше укината на 31 декември 2018".



"Иако макроекономските промени на некои пазар се важен фактор за опаѓањето на продажбата на iPhone, веруваме дека на тоа влијаат и други фактори како оној дека некои корисниците ја искористуваат можноста за замена на батеријата по пониски цени", пиши Кук.



Оваа вест прилично ги разбесни корисниците кои своето незадоволство го изразиле на социјалните мрежи.



"Едноставно престанете да купувате производи од Apple и проблемот е решен".



Спонзорирани линкови

Маркетинг