Откритие кое би можело да ја потресе Америка: Протекле детали од досега непозната истрага на ФБИ против Трамп

Точка

12/01/2019

15:23

4.549

Големина на фонт

а а а

Американски ФБИ во 2017-та отворил истрага за да утврди дали Доналд Трамп работи за Русија, објавил вчера "New York Times", повикувајќи се на анонимни извори.

Истрагата на ФБИ брзо добила продолжение во истрагата која ја отворил посебниот обвинител Роберт Мулер за сомнежите околу соработката во предизборната кампања на Трамп и Русија. 

"New York Times" не објавил ништо за можните заклучоци на ФБИ.

ФБИ отворил истрага откако Трамп го сменил директорот Џејмс Коми во 2017-та година.

Истрагата била фокусирана на два аспекти: контраразузнавачки и казнени.

Кога станува збор контраразузнавачкиот аспект, целта била да се утврди дали Трамп свесно или несвесно работел за Москва, додека казнениот се однесувал на смената на Коми, наведува весникот, додавајќи дека не се знае дали и натаму трае истрагата за контраразузнавачките сомнежи.

ФБИ според пишувањето на весникот се сомневал во можна поврзаност на Трамп со Русија од претседателската кампања во 2016-та. Но, не отворил истрага додека не бил сменет Коми, кој одбил да го послуша и да ја прекине првата истрага за можната соработка со Русија.

Трамп, кој категорично ги негира сите обвиненија, редовно го критикува посебниот обвинител Мулер, сметајќи дека неговата истрага е "лов на вештерки" и обид за негова делегитимизација.

Истрагата на Мулер довела до повеќе обвиненија и осуди за блиски соработници на Трамп.

Адвокатот Мајкл Коен добил три години затвор за кршење на прописите за финансирање на предизборната кампања.

Пол Манафорт, кој едно време бил директор на предизборниот тим на Трамп, е осуден поради финансиски малверзации поврзани со активностите во Украина пред изборите во 2016-та.

Мајкл Флин, поранешен советник на Трамп за национална безбедност, признал дека ги лажел инспекторите за своите контакти со руските службеници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг