Толку од „моќните“ ракетни системи на Путин: Израел повторно ја нападна Сирија

Точка

12/01/2019

15:31

8.319

Големина на фонт

а а а

Израелското воено воздухопловство го нападна меѓународниот аеродром во Дамаск, а иако се активираше против-воздушната ракетна одбрана на Сиријците, сепак Израелците успеале да уништат неколку мети.

Сириската против-воздушна одбрана ноќеска повторно била активна и се соочи со „низа на непријателски мети“, пренесуваат сириските медиуми, тврдејќи дека борбени авиони на израелското воено воздухопловство го нападнале аеродромот во Дамаск.

Сириските извори откриваат дека „штетата била ограничена“ затоа што голем број на израелски ракети биле неутрализирани пред да ја погодат метата, притоа не откривајќи повеќе детали околу нападот.


Како што пренесуваат израелските медиуми, едно големо складиште во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск било запалено.

Наводно израелските авиони ги лансирале ракетите од територијата на северен Израел, иако неретко навлегуваат и во либанскиот воздушен простор од каде што ги изведуваат ракетните напади на Сирија.

Со најновиот напад, Израелците докажаа дека немаат намера да престанат да ги напаѓаат метите во Сирија кои што претставуваат закана по националната безбедност на нивната држава.


Иако откако Русите им го доставија против-воздушниот ракетен систем „С-300“ на Сиријците, се веруваше дека тоа ќе ги одврати силите на израелската армија, сепак со најновиот напад се покажа дека не е така.

Што се однесува до самиот ракетен систем, засега нема информации дали досега воопшто е употребен против некој од нападите на Израелците. Инаку , израелската армија исто така изведе голем воздушен напад на Сирија и пред крајот на оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг