Заев до Мицкоски: Молиш Бога да не ти се случат избори

Макфакс

12/01/2019

13:36

3.376

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев тврди дека не е за избори, но во еден момент призна дека му одговарале, но како рече не било погодоно сега за економија да се распишат предвремени парламентарни избори.

На денешната прес-конференција одржана по повод изгласувањето на уставните измени, одговарајќи на новинарско прашање околу предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските Заев рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски барал избори но молел бога, да не му се случат.

„СДСМ ќе го отвори ова прашање со коалиционите партнери и во партијата. Но ние сметаме дека избори во овој момент не се најдобро решение, иако анкетите се наша страна“, изјави Заев.

Сепак, Заев призна дека ќе треба да се носи со политичката одговорност за аманестијата и политичките пазарења.

„Граѓаните се тие што наградуваат и казнуваат, а тоа најдобро ќе го кажат на избори, кога ќе дојде време за избори. Ние сме свесни на одговроноста која треба да ја сносиме пред граѓаните“, додаде Заев.

На прашањето дали се чувствува уценет политичар, околу целиот процес поврзан со промена на името, Заев не даде конкретен одговор, но рече дека сето тоа што го направил било за иднината на државата и уште еднаш повтори кога веќе се помиривме со соседите, зошто да не се помириме и дома, еден и пол милион луѓе останавме во државата да ги надминеме разликите и да живееме заедно, порача Заев.

Премиерот во својот говор неколкупати го спомена ново име на државата Република Северна Македонија. Коментирајќи го ова Заев рече дека за народот да се привикне на новото име на државата, прво треба да го чуе од устата на првиот човек на Владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг