Бомба од Франција: Карабатиќ сепак ќе игра за „Триколорите“ на Мундијалот

Дерби

12/01/2019

13:28

1.828

Големина на фонт

а а а

Најугледниот француски медиум „Л’Екип“ пренесува бомбастична вест која вели дека најдобриот играч на репрезентацијата на Франција, Никола Карабатиќ сепак ќе заигра на Светското првенство во Германија и Данска.

Иако претходно беше најавено дека ќе го пропушти целиот Мундијал поради повреда, Карабатиќ ќе се врати во стројот на Дидие Динар во главната фаза од натпреварувањето која започнува на 19 јануари.

Франција вчера со судни маки успеа да го победи Бразил со 24:22, а на теренот евидентно беше отсуството на одличниот Карабатиќ.

Еден од најдобрите ракометари на денешницата се очекува да се приклучи на „Триколорите“ во текот на денешниот ден во Берлин како 18-ти репрезентативец во стројот на Динар.

Се очекуваше Карабатиќ да се врати на терените во февруари, но по напорната работа на еден од физиотерапевтите на ПСЖ, Кристоф Дубои, централниот бек е подготвен за настап.



Спонзорирани линкови

Маркетинг