Лидс и Алиоски добиваат засилување од Реал Мадрид

Дерби

12/01/2019

13:19

1.967

Големина на фонт

а а а

Екипата на Лидс во оваа сезона има високи амбиции и под водство нa Марсело Биелса сака да се врати во Премиер лигата и тоа по пауза од 15 години.

Засега тоа добро им оди на Езџан Алиоски и соиграчите и се на првото место на табелата, но аргентинскиот стратег Биелса е свесен дека допрва претстијат вистинските предизвици и затоа сака да засили една позиција која според него е проблематича-тоа е голманската. Во моментов прв чувар на мрежата е 22-годишниот Бејли Пикок-Фарел, но тој не е константен во формата и се бара друго решение, решение кое според извори на „Скај Спорт“ е пронајдено во Реал Мадрид.

Имено според овој медиум Лидс е во сериозни преговори со третиот голман на „кралевите“ Кико Касиља. Касиља во минатата кампања одигра 17 натпревари, ама во оваа е дури трет избор зад Тибо Куртоа и Кејлор Навас.

Ова сака да го искористи Биелса и да го доведе на „Иланд Роуд“, потег кој може да се покаже како клучен за кам-бек на Лидс во Премиер лигата со оглед на тоа што Касилја е искусен голман, голман кој знае да се носи со притисокот и одговорноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг