Лавина широка 300 метри проголтала хотел: Нереални глетки од завеаната Швајцарија

Точка

12/01/2019

13:07

2.245

Големина на фонт

а а а

Туристите во Швајцарија биле евакуирани во петокот откако ден претходно на планинскиот премин Шваглалп на висина од околу 1.300 метри над хотел паднала 300 метри широка лавина, при што полесно биле повредени три лица.

Ширум погодениот регион има од 1,5 до 2,5 метри снег, додека на пониските подрачја меѓу 10 и 70 центиметри снег. 

Деловите од Европа завеани со снег вчера конечно дочекале мало затишје, но метеоролозите предупредиле дека во текот на викендот се очекуваат нови врнежи.

Екипите во Австрија почнале да вршат извиднички летови на највисоките погодени подрачја.

Најмалку 16 луѓе загинале во невремето ширум Европа последните неколку дена, а најмногу жртви однеле лавините на Алпите.

Рекордни количини на снег и натаму го загрозуваат секојдневието во големи делови од Австрија, Германија и Чешка, а метеоролозите за крајот од неделата најавуваат нови врнежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг