Стеф Кари ги поместува границите

Макфакс

12/01/2019

12:50

493

Големина на фонт

а а а

Плејмејкеот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, стигна до третото место на вечната листа, на најдобрите шутери за три поени. Кари на натпреварот против Чикаго постигна пет тројки, односно 2.285 во кариерата.

Со оглед на бројот на тројки што ги постигнува во текот на една сезона, прашање е кога Кари ќе ги мине на листата Реџи Милер (2.560) и Реј Ален (2.973).

„Ова е посебно достигнување. Фактот дека пред мене се тие двајца на ова му дава дополнителна тежина. Го почитувам она што е направено претходни, тие двајца ми беа идоли“, рекол Кари.

Од третото место Кари го потисна Џејсон Тери (2.282).

Голден стејт Вориорс славеа над Чикаго Булс 146:109, а Кари мечот го заврши со 28 поени, 5 скока и 8 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг