Ова се луѓето кои ја киднапирале сопругата на норвешкиот милионер: Во очајнички обид полицијата објави снимка од осомничените

Точка

12/01/2019

12:35

3.690

Големина на фонт

а а а

Норвешката полиција во склоп на истрагата за киднапирањето на Ана-Елизабет Фалкевик Хаген, сопруга на норвешки милионер, Том Хаген, објавила снимки од безбедносните камери на кои се гледаат неидентификувани луѓе.

На снимката се гледаат тројца луѓе како поминуваат покрај канцеларијата на милионерот, која се наоѓа во близина на неговата куќа, на денот кога неговата сопруга исчезнала.

Полицискиот истражител Томи Броске замолил во полиција веднаш да се пријави мажот кој се гледа на снимката како поминува покрај канцеларијата, а потоа многу брзо се враќа назад. Исто така, тој замолува да се пријават и велосипедистот и другиот пешак кои исто така се гледаат на снимката од безбедносните камери.

„Полицијата прими повеќе од 100 дојави. Некои од нив ни се значајни, но сè уште не ги пронајдовме осомничените“, рекол Томи Броске.

Ана-Елизабет (68) била киднапирана на 31-ви октомври минатата година. Истрагата веднаш започнала, но полицијата досега ја спроведувала во тајност, поради „многу сериозни закани“.

Според информациите од норвешките медиуми, во куќата на парот била пронајдена порака на која пишувало дека таа ќе биде убиена ако не се плати откуп или ако се вклучи полицијата.

##https://twitter.com/HopeStandard/status/1083882776296869894##

Киднаперите бараат 9 милиони евра за нејзино ослободување, објавила норвешката национална телевизија „RTV NRK“.

Богатството на нејзиниот сопруг, Том Хаген, се проценува за 174 милиони евра. Тој ги стекнал преку работата со која се занимава со недвижнини и енергетика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг