Ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваи во мај минатата година имаше разорувачки ефекти врз овој остров, каде беа уништени многу домови, но значително се намали и туризмот.
Сепак, нешто интересно се случило по ерупцијата, а тоа е настанувањето на новата плажа од црн песок која се наоѓа во паркот Похоики.
Целиот парк бил затворен шест месеци по ерупцијата на вулканот бидејќи лавата го блокирала влезот, но од 6-ти јануари оваа година тој повторно е во функција, а плажата е достапна за туристи.
Иако туристите се повеќе од добредојдени да ја посетат оваа необична плажа, сепак пливањето не е препорачливо поради наглиот прекин на брегот и влезот во длабокото и немирно море.