Славната актерка го понела поранешниот сопруг на својот меден месец, но и неговата нова девојка

Точка

12/01/2019

11:56

5.246

Големина на фонт

а а а

Оскаровката Гвинет Палтроу неодамна била на меден месец со сопругот Бред Фалчук, за кого таа се венчаше во септември минатата година.

Она што е интересно е што актерката признала дека заедно со нив бил и нејзиниот поранешен сопруг, пејачот на групата “Coldplay” – Крис Мартин, но и неговата нова девојка, актерката Дакота Џонсон. 

“Тоа беше модерен меден месец”, кажала Гвинет низ смеа.

Гвинет и Бред престојувале во луксузниот ресорт “Soneva Jani” на Малдивите каде цената на едно ноќевање се движи од 3 до 20 илјади долари, во зависност од вилата во која што престојувате.

За потсетување, Гвинет Палтроу и Крис Мартин беа во брак од 2003 до 2016 година, а заедно ја имаат ќерката Епл и синот Мозес. Актерката и пејачот по разводот останале во добри односи, што го докажува и фактот дека биле заедно на одмор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг