Војник, шпион: Откриени нови детали од минатото на Путин

Точка

11/01/2019

21:36

6.596

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, открил дека командувал со артилериски баталјон во советскиот период. Тој детаљ досега не и бил познат на јавноста.

Тој тоа го кажал при посетата на Санкт Петербург во понеделникот, каде пукал со топ од тврдината преку реката Нева. 

"Чинот поручник го добив кога бев артилериец, командував со артилериски баталјон...калибар 122 милиметри", рекол тогаш Путин, пренесува "Guardian".

При оваа посета Путин не открил повеќе детали од своето минато, а еден од службениците му честитал на "одличното" пукање од топ.

Во официјалната биографија на Путин не се наведува дека добил чин на поручник, ниту дека командувал со артилериски баталјон.

Според податоците од Кремљ, Путин се приклучил на КГБ веднаш по дипломирањето на Правниот факултет на Државниот универзитет во Ленинград во 1975-та година.

Путин минал 16 години во советската разузнавачка служба, каде напредувал до чинот на потполковник пред распадот на Советскиот сојуз во 1991-ва година.

Меѓутоа, сите работоспособни студенти на советските универзитети морале да минат воена обука, по што добиле чин на резервен офицер, па се претпоставува дека Путин зборувал за тоа.

Овие сознанија биле објавени кратко откако била откриена неговата стара идентификациска картичка во архивата на Штази. Путин служел како офицер на КГБ во Дрезден во 80-тите, а Кремљ не потврдил, ниту демантирал дека на денешниот руски претседател му била издадена Штази картичка.

Има малку доверливи информации за работата на Путин во Дрезден, а како една од можностите се споменува дека можеби бил задолжен за регрутирање на странци кои студираат или работат во градот.

Познато е дека Путин работел во контраразузнавачките служби во текот на своите денови во КГБ. Некои извештаи тврдат дека неговите должности во КГБ вклучувале надзор на советските политички дисиденти, но тоа никогаш не било потврдено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг