Објавена снимка од нападот на германскиот политичар: Рекол дека го тепале до бесвест, но вистината е малку поразлична

Точка

11/01/2019

20:42

4.434

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена било објавено дека германскиот пратеник на AFD, Франк Магниц, бил претепан.

Меѓутоа, снимката од нападот фрла ново светло на целиот случај и вистинитоста на тврдењата на истакнатиот член на популистичката Алтернатива за Германија. 

Неговата партија опишала дека напаѓачите го претепале со дрвена палица и престанале да го удираат дури кога му помогнале двајца минувачи.

Веднаш по нападот 66-годишниот Магниц бил пренесен во болница, а од АФД рекле дека непознати напаѓачи го турнале на земја и удирале со дрвен предмет по глава.

Набрзо објавиле и вознемирувачка фотографија од Магниц во болница, на која се гледа длабока рана на неговата глава и отечено и крваво лице.

Германската полиција ги прегледала снимките од надзорните камери и дошла до поинаков заклучок. Се гледа дека непознат маж го турнал политичарот, но веднаш потоа, заедно со уште две лица, побегнал. Потоа уште еден маж поминал додека политичарот лежел на земјата.

на снимките не била забележана употреба на било какво оружје или предмет во текот на нападот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг