Шест знаци кои укажуваат дека тој не е вистинскиот за вас

Точка

11/01/2019

20:22

3.203

Големина на фонт

а а а

Кога некого прифаќате со сите неговите маани и доблести, тоа значи дека таа личност е дефинитивно вистинската за вас. Но, доколку вашиот партнер ве омаловажува и ја намалува вашата самодоверба, очигледно има проблем со своето его.

Кога сте во врска во која го имате горенаведениот однос, излезете од неа што поскоро. Еве на кои работи треба да обрнете внимание доколку се прашувате дали тој е вистинскиот за вас. 

Постојано ве критикува

Вистинскиот маж ќе ве прифати онакви какви што сте и нема да пробува да ве промени. Но, доколку тој постојано ви набива комплекси за да биде сигурен дека вашата самодоверба е ниска и дека никогаш нема да го оставите, тогаш време е да завртите нов лист.

Бара да го жртвувате своето слободно време

Паровите во здравите врски знаат колку е важно да имаат време за себеси и воопшто не пробуваат да ги “минираат” таквите моменти. Мажот кој од вас бара да ги занемарите вашите пријатели, семејство, интереси и хобија поради него воопшто не ви е потребен бидејќи тој со тоа покажува дека не ве почитува.


Ве изневерува

Дури и да се случи такво нешто, а тој не може да гарантира дека нема, зрелиот партнер ќе ви признае и ќе ја преземе одговорноста за своите дела. Но, мажите кои не се доволно созреани сметаат дека таквото однесување е “фраерски” и не чувствуваат грижа на совест поради тоа.

Бега од проблемите

Кога бевме тинејџери, се заклучувавме во својата соба на првиот знак на проблем. Сега кога сме возрасни, знаеме дека тоа не е вистинското решение за проблемите, па затоа и треба возрасно да им пристапуваме на истите.


Покажувањето на емоции е слабост?

Да се биде “фраер”, не значи да се биде воздржан и ладен. Вистинскиот маж не се срами да ги покаже своите чувства, а освен тоа, таквото однесување е важно во изградба на здрав и квалитетен однос.

Ве занемарува

Работа, пријатели, хоби... Понекогаш нема време за сѐ, но тоа не значи дека треба да ве занемарува и да прави да се чувствувате како да не сте важни. Доколку го прави тоа, вие имате работа со инфантилен и незрел партнер, без исклучоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг