Американците ги шпионирале Советите, па налетале на библиско откритие: Снимките излегле на виделина по 70 години, САД и натаму демантираат

Точка

11/01/2019

19:23

4.684

Големина на фонт

а а а

Шест фотографии биле направени во 1949-та година, и нив на основа на законот за слободно информирање ги објавил универзитетскиот професор Порчер Тејлор повеќе од пет децении подоцна.

Направени биле во текот на мисијата USAF за извидување од воздух преку поранешната турска и советска граница во текот на Студената војна. На фотографиите може да се види чуден предмет кој се пробива од мразот, на висина од околу 4.700 метри на планината Арарат. 

Откритието тогаш ЦИА го нарекла "аномалија на Арарат", но христијаните мислат дека тоа би можеле да бидат остатоци од арката на Ное.

Според приказната, Бог го поштедил Ное, неговото семејство од сите животни на светот од поплавите кои го зафатиле. По поплавите, арката на Ное се спуштила на планината Арафат.

Тејлор, кој во 2006-та година добил декласифицирана датотека на ЦИА, детално ги опишал своите наоди во серијата "Misteries" на "Amazon Prime". Тој во документарниот филм од 2009-та година изјавил: "На 17-ти јуни 1949-та година, авион на американските воздухопловни сили летал во тајна мисија паралелно со планината Арарат на 14.000 стапки".

"Во текот на оваа мисија, направиле фотографии од огромната аномалија која ѕиркала од мразот, и изгледало дека околу неа има симетрични точки. Можеби се само пештери, но тоа би можело да биде и нешто поинтересно".

Тејлор во 2006-та година открил дека фотографиите би можеле да доведат до одговори на библиската мистерија. "Имам новопронајден оптимизам кога станува збор за моето постојано настојување разузнавачката заедница да декласифицира некои фотографии. Јас тоа го нарекувам проект на сателитска археологија", рекол Тејлор.

"Тврдам дека ако е тоа остаток од нешто што го направил човек и потенцијално брод, тоа е нешто од библиски размери", истакнал тој. Меѓутоа, разузнавачите откриваат дека аномалијата покажува "линеарни фасади во мразот на кои се наоѓа многу мраз и снег".



Спонзорирани линкови

Маркетинг