Со 81 глас, пратениците изгласаа Северна Македонија

Макфакс

11/01/2019

18:56

5.048

Големина на фонт

а а а

Пратениците ги изгласаа уставните измени. Со 81 глас “за” и ниту еден против и воздржан е донесена одлука за прогласување на сите амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа.

Амандманот 33 гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.

Во Амандман 34 со новиот предлог на Беса зборовите „кои живеат во нејзините граници“ се заменува со „како и граѓаните кои живеат во нејзините граници, граѓаните на РМ, македонскиот народ, и дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“.

Амандманот 35 гласи „Републиката ги почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“ се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.

Амандман 36 гласи:

Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ;

Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани што живеат или престојуваат во странство;

Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината;

Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Новиот текст изгласан денеска гласи: Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и за дел од од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите и ги негува и унапредува врските со татковината;



Спонзорирани линкови

Маркетинг