Муриел обелодени зошто не ја прифати понудата на Милан

Дерби

11/01/2019

20:30

1.077

Големина на фонт

а а а

Колумбискиот репрезентативец, Луис Муриел во овој преоден рок имаше неколку понуди на негова адреса, а една од нив беше од италијанскиот гигант Милан.

Меѓутоа тој одлучи на им каже „НЕ“ на „црвено-црните“ и да се пресели во таборот на Фиорентина. Тој е среќен иза доволен што ја одбра Фиренца како негова следна дестинација, а притоа обелодени зошто не го прифати повикот од „Сан Сиро“.

-Да, Милан ме посакуваше, ама јас веќе имав дадено збор и не ги повлеков моите чекори. Јас постојано мислам дека Фиорентина е вистинското место за мене. Работев напорно за да дојдам тука и среќен сум тоа што го видов, -рече Муриел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг